Барселона и Олборг ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. На завршниот турнир во Келн, Олборг го победи актуелниот шампион Магдебург, а Барселона го декласира Кил.
Ракометарите на Алборг го совладаа Магдебург со 28:26 (11:11) и го тргнаа тимот од Германија од европскиот трон.
Мадс Хангард со осум, Себастијан Бертолд со шест, Микел Хансен и Томас Арнолдсен со по пет гола блескаа во редовите на данскиот првак. За Магдебург Омар Инги Магнусон постигна 10, Феликс Клар и Матијас Муске по четири гола.
Во второто полуфинале, Каталонците го совладаа германски Кил со резултат 30:18.Пресуди гранитната одбрана на Барса. Во двете полувремиња примија по девет гола, а на другата страна од теренот постигнаа 15 гола.
Кај победниците најефикасен беше Французинот Мелвин Ричардсон со пет гола, а четири пати во листата на стрелци се запиша Словенецот Блаж Јанц. Кај Кил единствениот расположен беше хрватскиот репрезентативец Дувњак со четири гола.
Финалето меѓу Барселона и Алборг е закажано за в недела од 18 часот.