Македонија

Митева: Ветивме и исполнивме – со 2/3 мнозинство во Собранието се изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа

Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа.

Митева: Ветивме и исполнивме – со 2/3 мнозинство во Собранието се изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа

ВМРО-ДПМНЕ вети и првиот чекор кон комплетна трансформација на Македонија е исполнет. За само 30 дена од завршувањето на изборите, во состојба на уште не конституирана влада во македонското собрание изгласавме измени во закон со 2/3 мнозинство, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, пратеник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа.

Митева вели дека со измените кои конечно ќе овозможат реорганизирање на државната управа, со една единствена цел – комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата.

Законските измени кои беа дел од изборното ветување, беа работени и со претставници на ЕУ и истиот е дел од ИПА програмата.

-Покажавме силен капацитет во собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани. За првпат по долги години, парламентарното мнозинство, предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи. И за првпат претставниците на ДУИ гласаа без можност да условуваат, затоа што законските измени се реформски и транспарентни. И во таква ситуација никој никого за ништо не може да уценува, посочи Митева.

Нагласи дека ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и во иднина.

-Сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого. За разлика од порано кога СДС протнуваше закони за остварување на криминал и корупција, денес разговараме за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи на агендата – Македонија повторно твоја, рече Митева.

Пратеничката додаде дека следува економска трансформација на Македонија, забрзана евроинтеграција и силна и посветена борба против криминалот и корупцијата.

Најнови вести од Македонија

To top