Фудбал

Баерн Минхен продава шест „крупни ѕверки“

Баерн Минхен продава шест „крупни ѕверки“

Германските медиуми тврдат дека на трансфер листа се ставени некои од најдобрите играчи на Баерн Минхен во тимот и носители на играта последните години.

Станува збор за: Јозуа Кимих, Леон Горецка, Матијс де Лихт, Кингсли Коман, Серж Гнабри и Нусаир Мазрауи, фудбалери кои беа стандардни првотимци последните години.

Ако успее да ги продаде за цената која ја бара, Баерн ќе се насочи на трансферот на фудбалерот на Фулам, Паљиња чија вредност се проценува меѓу 40 и 45 милиони евра.

To top