Англискиот селектор Герет Саутгејт ги остави дефанзивецот Хари Мегваер и играчот од средниот ред Џек Грилиш надвор од неговиот тим од 26 играчи за Европското првенство.
Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, кој има 63 натпревари за националниот тим, не е доволно закрепнат од повредата и Герет Саутгејт размислувал да го остави надвор од последниот тим.
Неговиот тимски колега од Јунајтед, Лук Шо, се најде во тимот и покрај континуираните проблеми со повредите. Шо не тренираше со тимот во четвртокот пред пријателскиот натпревар на „Вембли“ против Исланд в петок.
Грилиш од Манчестер Сити, кој има 36 натпревари за националниот тим, исто така беше изоставен од тимот заедно со Џејмс Медисон, Џерад Брантвејт, Џејмс Трафорд, Кертис Џонс и Џерел Кванза.
Од друга страна, во групата има 12 играчи без сериозно турнирско искуство и тоа како Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гехи, Езри Конса, Коби Мајно, Адам Вартон, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Ентони Гордон, Иван Тони, Оли Воткинс и Кол Палмер.
Џуд Белингем, кој му помогна на Реал Мадрид да ја освои Лигата на шампионите, Хари Кејн од Баерн Минхен, Фил Фоден, кој имаше силна сезона во Манчестер Сити и Букајо Сака од Арсенал, формираа моќна група на класни напаѓачки играчи.
Англија на 16 јуни ја започнува својата кампања за ЕП 2024 против Србија.
Проширен тим на Англија:
Голмани: Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал)
Одбрана: Луис Данк (Брајтон), Џо Гомез (Ливерпул), Марк Гехи (Кристал Палас), Езри Конса (Астон Вила), Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Киеран Трипие (Њукасл Јунајтед), Кајл Вокер (Манчестер Сити).
Среден ред: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Конор Галагер (Челси), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Деклан Рајс (Арсенал), Адам Вартон (Кристал Палас).
Напаѓачи: Џуд Белингем (Реал Мадрид), Џерод Бовен (Вест Хем Јунајтед), Еберечи Езе (Кристал Палас), Фил Фоден (Манчестер Сити), Ентони Гордон (Њукасл Јунајтед), Хари Кејн (Баерн), Кол Палмер (Челзи), Букајо Сака (Арсенал), Иван Тони (Брентфорд), Оли Воткинс (Астон Вила).