Свет

Орбан: Унгарија нема да учествува во можни операции на НАТО во Украина

Орбан: Унгарија нема да учествува во можни операции на НАТО во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта нема да испраќа свои војници во случај на потенцијално учество на НАТО во војната во Украина.

-Украинците мислат дека колку повеќе држави вклучуваат во војната против Русите, толку повеќе имаат шанси за победа, затоа бараат вмешување на Европската унија, па и на целиот свет во војната. Од украинскиот гледна точка, ескалацијата на војната е логична, сепак, ние Унгарците знаеме дека треба да останеме надвор од војната, бидејќи влегувањето во војна би било против унгарските национални интереси, изјави Орбан.

Тој додаде дека Унгарија не може да го поддржи Холанѓанецот Марк Руте како нов генерален секретар на Алијансата кога Јенс Столтенберг ќе замине во октомври, бидејќи, како што рече, „тој се залага за ставот дека сите членки на НАТО мора да се посветат на учество во воени акции надвор од територијата на Алијансата“.

To top