Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека повикот на Сава Манојловиќ од „Крени Промени“ за демонстрации е „налудничав“, како што е и „таканаречената граѓанска непослушност, напуштање на институциите“ и за враќање на мандати, што нема да се случи, јави дописникот на МИА од Белград.
-Што тоа значи да се врати мандатот. Ќе врати некој, но неговото место му припаѓа на следниот на списокот. Што сега – нив двесте ќе поднесат оставки, но не може така, ќе има некој што ќе каже – благодарам што дојдов на ред, не очекував, да некој таков-двестоти на листата да стане пратеник, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.
Тој додаде дека како министер за внатрешни работи ги следи настаните од протестите и оти тие покажуваат дека нема масовност, што, вели, е логично бидејќи разликата меѓу владејачката коалиција и опозицијата е голема.
Тој рече дека изборниот ден поминал мирно и дека полицијата реагирала на сите пријави, но на обвинителството е да ги квалификува настаните. (МИА)