Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Центар

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Центар

На 05.06.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владимир Полежиновски“ и ул.„Адолф Циборовски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(25), двајцата од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top