Хроника во Штип

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ: Се судрија два мотоцикли, едниот управуван од малолетник

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ: Се судрија два мотоцикли, едниот управуван од малолетник

На 04.06.2024 во 11.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Анте Банина“, ул.„Сајбие Демир“ и ул.„Митко Недев“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од И.А.(60), двајцата од Штип.

-Во несреќата се тешки телесни повреди се здобил И.А., а неговата сопатничка Е.А.(59) од Штип и малолетникот се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

To top