Останати спортови

ФОТО: Вимблдон го спореди „авионот“ на Новак на трева и земјена подлога – Истото го направи и во Лондон, знаеме што се случи тогаш

ФОТО: Вимблдон го спореди „авионот“ на Новак на трева и земјена подлога – Истото го направи и во Лондон, знаеме што се случи тогаш

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ направи огромен подвиг откако славеше против Франциско Серундоло, иако во еден момент беше на работ од бездната, сепак, успеа да се врати во игра.

Ѓоковиќ губеше со 2:1 во сетови, имаше и брејк во четвртиот сет, но успеа да се опорави и да слави, додека еден бод, односно неговото славје, остана особено забележано од овој дуел.

При еден од поените во четвртиот сет, Новак остана во лежечка положба, кога симулираше „авион“.

Ова не е првпат да прави ваква прослава, бидејќи истото се случи и на Вимблдон, а токму тие потсетија на овој момент преку нивниот профил на „Х“.

– Сите сме го виделе ова и претходно, напишаа на својот профил.

To top