Храна и Пијалаци готова за 15 минути

Десерт кој не се пече: Направете брза торта со бисквити и пудинг

Количината на состојки е прилагодена на калап со дијаметар од 26 сантиметри.

Десерт кој не се пече: Направете брза торта со бисквити и пудинг

Тортата со бисквити и чоколадо не се пече, па затоа е идеална за оние кои не се највешти во подготовката на оброците. Потребни се само 15 минути за да се подготви.

Количината на состојки е прилагодена на калап со дијаметар од 26 сантиметри.

Состојки:

два чоколадни пудинга без готвење
еден литар млеко
400 грама бисквити
четири до пет банани (во зависност од големината)
сок од портокал или млеко
200 грама чоколадо за готвење
150 грама слатка павлака за шлаг

Подготовка:

За почеток направете го пудингот според упатството на пакувањето и оставете го на страна. Потоа накратко потопете ги бисквитите во сокот од портокал, намачкајте ги со пудингот и наредете ги исечканите банани.

Редете ги така комплетираните бисквити вертикално, додека не се пополни велиот простор на калапот.

Исто така, можете прво да го наредите бисквитот потопен во сокот, одвнатре да го покриете со слој пудинг, а потоа да ја наредите исечената банана. На пареа растопете го темното чоколадо и додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Истурете ја смесата врз колачот и ставете го во фрижидер два часа или подолго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Mazalin (@marijamazalin)

To top