Фудбал

Италија без Скалвини на ЕУРО 2024

Медиумите јавија дека Скалвини бил пренесен во болница каде што првите тестови покажале кинење на предните вкрстени лигаменти.

Италија без Скалвини на ЕУРО 2024

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Скалвини ќе го пропушти Европското фудбалско првенство кое започнува на 14 јуни во Германија, откако ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, објавија италијанските медиуми.

Скалвини се повреди при вчерашниот пораз на неговата Аталанта со 2-3 на домашен терен од Фиорентина. Тоа беше одложениот последен натпревар во сезоната, кој се играше една недела по завршувањето на сезоната 2023/24 во Серија А.

Дваесетгодишниот Скалвини беше повлечен од теренот во 84. Минута.

Медиумите јавија дека Скалвини бил пренесен во болница каде што првите тестови покажале кинење на предните вкрстени лигаменти.

Ниту клубот, ниту италијанската репрезентација не потврдија колку долго ќе паузира Скалвини.

Италијанските медиуми објавија дека 25-годишниот дефанзивец на Јувентус, Федерико Гати е веројатна замена за Скалвини.

To top