Од моментот кога го најави враќањето во рингот, борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол стана најочекуваниот настан. Сепак, се одложува тоа на неодредено време.
Пред неколку дена, легендарниот боксер доживеа напад во текот на лет, па беше одложена средбата со Пол поради неговите здравствени проблеми.
Планот беше да се одржи тој меч на 20 јули, но ќе биде нешто подоцна, кога ќе заздрави Тајсон од проблемот со чирот.
– Сакам да им се заблагодарам на моите обожаватели ширум светот за поддршката и за разбирањето во овој период. За жал, поради влошување на состојбата со чирот, лекарите ме советуваа да го прекинам тренингот на неколку недели за да се одморам и за да закрепнам. Моето тело е во подобра форма отколку што беше во најдобрите денови и наскоро ќе му се вратам на целосниот распоред на тренинзи. Џејк Пол, можеби, ова ти купува малку време, но на крајот, сепак, ќе бидеш нокаутиран и засекогаш надвор од боксот. Благодарен сум им на сите за трпението и едвај чекам да прикажам незаборавен натпревар на крајот од оваа година – изјави Тајсон.