По седум години поминати во Манчестер Сити, голманот на тимот Едерсон најверојатно ќе си замине од „Етихад“, а „граѓаните“ веќе пронашле негова замена.
Бразилецот е еден од најважните играчи на Манчестер Сити во последните години и е одговорен за многу трофеи на Сити. Како што пренесуваат некои медиуми, дошло до заситеност и Едерсон размислува за потенцијален трансфер во друг клуб.
Дека Манчестер Сити е сериозен клуб говори и тоа што веќе нашле потенцијална замена доколку се случи Едерсон да го напушти клубот. Резервна опција најдоа во Милан, односно голманот Мајк Мањан. Францускиот репрезентативец имаше одлична сезона и со години е еден од најталентираните голмани.
Мањан кариерата ја започна во ПСЖ, па се пресели во Лил, а пред три години го облече дресот на Милан. (MIA)