Карло Анчелоти дополнително се осамостои на врвот на листата на тренери со најмногу трофеи во Лигата на шампионите.
Тоа е веќе петта титула во Лигата на шампионите за Анчелоти, додека првите следбеници имаат три.
Шпанскиот фудбалски стручњак Пеп Гвардиола, Французинот Зинедин Зидан и Англичанецот Боб Пејсли имаат по три европски круни.
Гвардиола ги освои првите две европски титули на клупата на Барселона во 2009 и 2011 година, а лани и со „граѓаните“. Зидан ги освои сите три титули со Реал Мадрид (2016, 2017, 2018), а Пејсли со Ливерпул (1977, 1978, 1981 година).
Анчелоти емотивно ја прослави новата титула и веднаш се залета во прегратките на сопругата Луиза Џибелини.
https://as.com/futbol/videos/el-beso-de-la-15-ancelotti-se-cruza-wembley-para-dejar-esta-accion-de-pelicula-con-su-mujer-v/