Ова што во моментов го видов е тотално допрено ДНОТО на спортско навивање и однесување во Македонија, револтирано реагира Тане Димовски по објавување на видеото во кое се гледа како родители се тепаат меѓу себе за време на детски фудбалски натпревар.
Димовски ги коментира актуелните случувања од објективот на компетентно лице, поранешен спортист и раководител во тимот на АМС во времињата кога се вложуваше најмногу во македонскиот спорт и спортска инфраструктура, кога беа изградени и овие спортски терени во ФФМ.
-Оној дел каде што беше убавина и задоволство да се гледаат дечињата преку нивните спортски пожртвувани игри во детските спортски лиги, каде учеа за другарството, поддршката, почитта кон противникот, ОВАА БАГРА ОД УМОБОЛНИ РОДИТЕЛИ, ПОВТОРУВАМ УМОБОЛНА БАГРА (за коишто не постојат правила за ништо во нивните глави) почнаа да влегуваат на спортски терени и ова нешто убаво од спорт, што беше останато за гледање, го расипаа, пиштува тој.
Димовски потсетува дека во 2004-та година на иницијатива на професот д-р Иван Анастасовски во Собранието на РМ беше изгласан ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО И НЕДОСТОЈНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРИ.
Сепак, оценува, дека тој закон даде резултати, но очигледно потребни се измени и тоа доста ригорозни.
-После формирањето на Министерство за спорт, НАЈИТНО да се пристапи кон измени на Законот, да се затегнат сите мерки за било какво влегување на навивачи на спортските терени со тоа што директно да завршуваат во затвор (без разлика кој прв почнал или кој прв влегол на спортските терени) и да им следи доживотна забрана за било каков пристап на спортски натпревари, со Регистар на забрана за спортски натпревари. Токму поради ваква БАГРА, секојдневно по неколку семејства дневно ја напуштаат Македонија и си заминуваат во странство. ВРЕМЕ Е ЗА РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ, порача Тане Димовски на својот Фејсбук профил.