Олимпијакос првпат во својата историја дојде во фаза да игра едно финале на најголема сцена, а по 120 минути игра во Атина, грчкиот великан за првпат од постоењето освои европска титула.
На стадионот на лутиот ривал АЕК, Олимпијакос успеа да ја добие драмата со Фиорентина и да постигне гол во 116-та минута, а херој на прилично скромното финале беше најдобриот играч на грчкиот тим, напаѓачот Ал Каби.
Фиорентина втора година по ред ја почувствува мрачната страна на спортот и повторно загуби во финалето на Конференциската лига, бидејќи италијанскиот тим беше неуспешен и во битката со Вест Хем пред 12 месеци.