Регион

Во Белград регистрирани вкупно 72 случаи на мали сипаници

– Од најмладата категорија, од нула до пет години се имаат разболено 30,6 отсто деца, од 18 до 19 години околу 24 отсто, а шест отсто од заболените се на возраст од 20 до 29 години, изјави докторката.

Во Белград регистрирани вкупно 72 случаи на мали сипаници

Во Белград продолжува епидемијата на мали сипаници, а од февруари досега, во главниот град на Србија се потврдени 72 случаи на морбили, јави дописникот на МИА од Белград.

– Седуммина вработени медицински работници се разболеле во КБЦ Земун. Се очекува зголемување на нови случаи поради периодот на инкубација, но не драстично, изјави за РТС д-р Славица Марис од Градскиот завод за јавно здравје на Белград.

Таа додаде дека најголемиот број заболени од сипаници во Белград, околу 39 отсто, се постари од 30 години.

– Од најмладата категорија, од нула до пет години се имаат разболено 30,6 отсто деца, од 18 до 19 години околу 24 отсто, а шест отсто од заболените се на возраст од 20 до 29 години, изјави докторката.

Според неа, најголем процент од пациентите, над 50 отсто, не биле вакцинирани, а 11,1 проценти од пациентите биле вакцинирани.

– Засега нема тешки клинички слики, посочи Марис.

Таа посочи дека веројатно ќе има зголемување на бројот на пациенти, бидејќи периодот на инкубација трае од седум до 18 дена, но не очекува драстично зголемување на нови пациенти.

To top