Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Демир Капија, 12 литри на метар квадратен, а најмлаку во Скопје и Виница, еден литар на единица површина.
Според податоците од УХМР, до 08 часот се измерени и 7 литри во Гевгелија, 4 во Тетово и Битола, 3 во Крива Паланка и Дојран, како и 2 на Попова Шапка.
До 08:30 часот утрово најсвежо е во Берово и Лазарополе, пет степени, а максимални 14 степени се измерени во Кавадарци. На Попова Шапка е 6 степени, 8 е во Крива Паланка, 9 во Маврови Анови, Охрид, Претор, Битола и Крушево, 10 во Виница, 11 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Штип, Струмица и Куманово, 12 во Демир Капија, Дојран и Велес, како и 13 степени во Гевгелија.
Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе се движи од 21 до 29 степени, а UV индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 26 степени.