Дали постои формула по која може да го препознаете верниот и посветен маж?
Можеби конкретна формула немаме, но сепак одредени карактеристики и особини укажуваат на тоа дека пред вас имате маж кој нема да ве изневери во било кој поглед:
Ги почитува жените
Мажите кои имаат почит кон жените, не ги третираат како објекти.
Емоционално е интелигентен
Емоционалната зрелост и интелигенција игра голема улога во тоа дали е предодреден да биде верен или не.
Ги исполнува ветувањата
Личноста со интегритет, својата посветеност ја покажува преку она што го прави, а не она што го зборува.
Не бара постојано внимание
Мажот кој е очаен за внимание не е симпатичен, ниту сладок. Напротив, подоцна може да доведе до сериозни тензии и проблеми.
Сигурен е во себе
Несигурноста и желбата за постојано внимание одат рака под рака. Ако мажот е сигурен, лесно ги признава своите слабости, без притоа да се плаши дека ќе си го повреди егото.
Благодарен е
Човекот кој го цени она што го има стекнато во животот е исполнет и нема проблем со верноста, бидејќи не е во постојана потрага по нешто ново.
Знае да комуницира
Наместо да ги игнорира проблемите, верниот маж преферира отворена комуникација, дури и кога треба да каже работи кои нема да ѝ се допаднат на спротивната страна.