На 27.05.2024 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Загребска“ со ул.„Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Т.П.(55) од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.