На 27.05.2024 во 11.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кадрифаково-Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната К.М.Л. од с.Врсаково, штипско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка Ж.М.(53) од истото село, додека К.М.Л. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.