Вулканот Ибу во Индонезија денеска повторно еруптираше и исфрлаше пепел во висина од шест километри.
Вулканот Ибу што се наоѓа на островот Халмахера, во провинцијата Северна Молука, е активен од почетокот на годината и досега се регистрирани најмалку 95 ерупции.
Од средината на месецот во Индонезија во сила е највисокиот степен на предупредување поради ерупција на вулканот. (МИА)