Фудбал

Стефан Ристовски во тимот на сезоната во Хрватска

Стефан Ристовски во тимот на сезоната во Хрватска

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски е избран во тимот на сезоната хрватскиот фудбалски шампионат..

Во Хрватска по дванаесетти пат ги доделија наградите „Трофеј Ногометаш“ со гласови од  фудбалери и тренери од оваа земја.

Во првенството на Хрватите оваа сезона Ристовски одигра 26 натпревари и запиша две асистенции, а вреди да се напомене дека половина сезона играше и како стопер.

Покрај тоа, Македонецот одигра уште три натпревари во Купот на Хрватска, осум во Конференциската лига и уште шест низ квалификациите за европските купови – вкупно 43.

Меѓу најдобрите во сезоната се најдоа шест фудбалери на Рјека пет на Динамо, како и еден од Осјек.

To top