НБА лигата не толерира тепачки и хаос на натпреварите. Поради тоа изрече сериозни казни за инцидентите што се случија пред два дена за натпреварот помеѓу Минесота и Голден стејт.
Хаосот го започнаа Клеј Томпсон Џејден Мекдениелс, а кулминираше кога Дрејмонд Грин во стил на ММА борец го фати за врат Руди Гобер.
Грин е суспендиран на следните пет натпревари и доби парична казна од 770.000 евра. НБА соопшти дека „должината на суспензијата делумно се заснова на историјата на Грин за неспортско однесување“.
Покрај Грин, казнети се уште тројца кошаркари и тоа неговиот соиграч Клеј Томпсон, како и Џејден Мекданиелс и Руди Гобер од Минесота. Тие сепак се извлекоа со казни од 25.000 долари.
Грин ќе биде надвор од тимот за натпреварите со Хјустон, Феникс, Сан Антонио како и за два дуели против Оклахома Сити Тандер.
THINGS GETTING CHIPPY BETWEEN THE WARRIORS AND THE TIMBERWOLVES ALREADY 😱
Draymond Green had Rudy Gobert in a chokehold 😳pic.twitter.com/GRqleoD3e7
— ClutchPoints (@ClutchPoints) November 15, 2023