Фудбал

Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место да освојувам трофеи

Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место да освојувам трофеи

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Ерик Тен Хаг, го освои првиот тофеј со тимот од „Олд Трафорд“.

И покрај победата во ФА купот, против градскиот ривал Манчестер сити (2:1) на „Вембли“, Холанѓанецот н е е сигурен дека и наредната сезона ќе го предводи Јунајтед. -Ако Јунајтед повеќе не ме сака, ќе одам на друго место за да освојувам трофеи.

Тоа е она што го правам цела моја кариера, портача Тен Хаг по освојувањето на ФА купот. Како можни наследници на Тен Хаг се споменуваат Киеран Мекена од Ипсвич Таун, Роберто Де Зерби кој неодамна објави дека го напушта Брајтон и Томас Тухел кој си замина од Баерн на крајот на сезоната

To top