Радикалната палестинска групација Хамас денеска соопшти дека го заробила израелскиот полковник, кого Израел го прогласи за загинат при терорисичкиот напад на исламистичкото движење на 7 октомври минатата година.
Бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас, соопштија дека полковникот Асаф Хамами бил ранет за време на неговото заробување. Доказ за тоа дека Хамами е кај Хамас не е приложен, а палестинските извори не прецизираат дали високиот воен офицер е сè уште жив.
Пред неколку месеци Израел објави дека 41-годишниот бригаден командир бил убиен при смртоносниот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври, што го означи почетокот на војната во Појасот Газа. (МИА)