– Патничкиот сообраќај сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера биле излезени на терен и извршиле увид на состојбата со мостот. Потоа биле на состанок во ЈП Македонски железници се со цел изнаоѓање на решение за санација на мостот и мерки и активности кои што треба да се превземат за да се надмине настанатата состојба, велат од ЦУК.
Посочуваат дека за донесените одлуки дополнително ќе информираат кога ќе добијат известување по завршувањето на анализите и разгледувањето на ситуацијата.