Локалната самоуправа и ЈКП ,,Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците.
Со цел поквалитетни услуги побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните како и здолемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главната водоводна мрежа на ул. 9 во н. Илинден и улица 532 во Марино, односно на потегот од Халк Банка до Црна река Петрол во должина од 600 метри.
Увид во градежните работи направија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод”-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски, поради честите дефеци и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.
Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем.