Свет израел

„Овие девојки сè уште се во заробеништво на Хамас, ве молиме, не го тргајте погледот“: Врзани, исплашени, облеани во крв, Израел објави ВИДЕО на киднапирани од Хамас

Израелската телевизија вчера објави снимка од пет регрути облечени во пижами, киднапирани од вооружени лица на Хамас за време на нападот на 7 октомври што ја предизвика војната во Газа, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите, семејствата на заробените девојчиња се надеваа дека снимката ќе го зголеми притисокот врз премиерот Бенјамин Нетанјаху да преговара за примирје со Хамас и да обезбеди ослободување на заложниците.

„Овие девојки сè уште се во заробеништво на Хамас. Ве молиме, не го тргајте погледот“, им рече на новинарите владиниот портпарол Дејвид Менсер, додавајќи:

„Гледајте го филмот. Поддржете го Израел да ги врати нашите луѓе дома“.

На видеото се гледаат млади жени, исплашени, а некои облеани во крв, како ги врзуваат и ги ставаат во џип.

„Имам пријатели во Палестина“, вели на англиски една од девојките, 19-годишната Нама Леви.

Еден од напаѓачите според написите зборува на арапски: „Вие сте кучиња! Ќе ве газиме, кучиња!“

Во соопштението, Хамас подоцна во средата рече дека видеото е „монтирано и не може да се потврди автентичноста на она што го содржи“.

„Војниците беа третирани во согласност со етиката на нашиот отпор и не е докажано лошо постапување со овие војници во оваа единица“, додаде Хамас.

Милитантната група рече дека снимката е дел од израелската промоција на „фиктивни наративи“.

Најнови вести од Свет

To top