ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Т.(29) од селото Подмолје, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед во неговото возило „бмв“, извршен во струшкото село Велешта, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа кокаин.