Свет Нигерија

Стотици заложници, главно жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам

Некои од девојчињата носеле бебиња за кои се верува дека се родени како последица на принудни бракови.

Стотици заложници, главно жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам

Стотици заложници, главно жени и деца, држени во заробеништво со месеци или години од милитантите на Боко Харам во североисточна Нигерија се спасени од шумска енклава и предадени на властите, објавија американските медиуми, повикувајќи се на соопштение на нигериската армија.

Според соопштението, 350-те заложници биле држени во шумата Самбиса, засолниште за екстремистичка група која водела бунт во 2009 година. Спасените 209 деца, 135 жени и шест мажи биле изнемоштени.

Некои од девојчињата носеле бебиња за кои се верува дека се родени како последица на принудни бракови.

Во текот на спасувачката операција, некои милитанти беа убиени, а нивните куќи направени од импровизирани материјали беа уништени, соопшти нигериската армија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ослободените заложници се пренесени со камиони до зградата на регионалната влада во државата Борно, каде властите ќе се грижат за нив додека не се вратат дома. (МИА)

To top