Македонија Кривичен суд

Врховниот судија Наќе Георгиев оди во притвор

По добивање на одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка се обрати и до надлежниот Апелационен суд Скопје, со оглед да член на потесното семејство на осомничениот е избран судија во Основниот кривичен суд Скопје кој веднаш по изборот е времено делегиран да постапува во друг суд.

Врховниот судија Наќе Георгиев оди во притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против Н.Ѓ.,  за кој постои основано сомнение за кривичното дело Примање награда за против законито влијание од чл. 359 од КЗ, донесе решение со кое:

По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно Може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

„Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Воедно ја информираме јавноста дека, по добивање на предлогот за определување на мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен Врховен судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет на РСМ како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што советот донесе  одлука која е јавно објавена:

А, по добивање на одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка се обрати и до надлежниот Апелационен суд Скопје, со оглед да член на потесното семејство на осомничениот е избран судија во Основниот кривичен суд Скопје кој веднаш по изборот е времено делегиран да постапува во друг суд, а со цел доследно почитување на Законските одредби и надлежноста во постапувањето. Од второстепениот суд е добиено решение според кое не постојат законски пречки судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да постапува по предлогот на ОЈО ГОК, по што е донесено горенаведеното решение“, велат од Кривичен.

To top