Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе длука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 % во однос на одлуката од 27.7.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 1,790 %, кај дизелот 3,634 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 3,668 % и кај мазутот зголемувањето е 3,143 %.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,00 денара/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,204 денар/кг и сега ќе изнесува 43,542 денари/кг.
Од 1.8.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)
- моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,50 (денари/литар)
- дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 76,50 (денари/литар)
- масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
- „мазут М-1 НС“ – 43,542 (денари/килограм)