Никола Митревски продолжува да блеска на голот на Порто. Капитенот на македонската ракометна репрезентација повторно ја имаше клучната улога во победата на својот тим.
Митревски запиша 11 одбрани против Брага, а Порто славеше со 34-25. По овој меч на официјалната „Фејсбук“ страница од клубот ги прогласија МВП играчите кои биле клучни за нивните победи.