Свет Се чека одлука

Судењето против Трамп се ближи кон завршница, еве кој клучен сведок ќе сведочи

Коен е соочен со уште неколку часа прашања од адвокатот на одбраната, и уште една серија распити од обвинителството.

Судењето против Трамп се ближи кон завршница, еве кој клучен сведок ќе сведочи

Мајкл Коен, некогашниот личен адвокат на Доналд Трамп и клучен сведок на обвинителството, се враќа денеска да сведочи на судењето на поранешниот американски претседател.

Трамп е првиот претседател на САД кој некогаш се соочил со кривична пријава, и судијата предложи завршница на судењето идната недела.

Коен е соочен со уште неколку часа прашања од адвокатот на одбраната, и уште една серија распити од обвинителството.

Претходното судско рочиште беше минатата недела во четвртокот. Коен тогаш призна дека во изминатите години многупати лажел во полза на Трамп. Но вели и дека лажел за „да го заштитам своето семејство“. Тој го обвини својот поранешен клиент дека напаравил многу лоши работи во неговиот приватен живот.

На денешното сведочење тој призна и дека крадел пари од компанијата на Трамп „Организација Трамп“.

Во серија од прашања адвокатот на одбраната, Тод Бланш, се обиде да прикаже дека Коен во суштина  е измамник, некого кому не може да се верува.

Случајот се фокусира на уплатата од 130.000 долари што Коен ја извршил од свој џеб на актерката за филмови за ворзасни Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016 година, за таа да молчи за средба со Трамп една деценија претходно. Средбата завршила во хотелска соба.

Доказите во судскиот процес покажуваат дека Трамп му ги вратил парите на Коен во 2017 година, откако тој стана претседател, при што Трамп е обвинет за фалсификување на неговите деловни книги тврдејќи дека отплатата на Коен била за адвокатски услуги.

Коен пред обвинителството сведочеше дека отплатата била за парите за молчење што и ги платил на Даниелс, а не за правна работа, и дека Трамп двапати ја одобрил шемата, вклучително еднаш во кула Трамп во Њујорк, пред да стане претседател кога рекол „ако ме изберат случајот ќе го заташкаме, ако не, на никој нема да му биде гајле“. И вторпат во кабинетот на претседателот на САД во Белата куќа..

Трамп ги отфрли тврдењата на Даниелс дека имал врска со неа и целата кривична пријава.

Коен е последниот од 19-те сведоци на обвинителството против Трамп, кој служеше еден мандат како претседател на САД од 2017 до 2021 година и сега е најверојатен републикански претседателски кандидат за изборите во ноември против претседателот Џо Бајден, демократот кој го победи во 2020 година.

Како што завршува случајот на обвинителството, тимот на одбраната на Трамп речиси сигурно ќе побара од судијата на Врховниот суд на Њујорк, Хуан Мерчан, да го отфрли обвинението против Трамп од 34 точки, барање што ретко се одобрува во американските кривични судења.

Ако Мерчан не го отфрли случајот против Трамп, неговата одбрана би можела да повика свои сведоци во негово име, но не даде сигурни индикации дека тоа ќе се случи. Трамп рече дека сака да сведочи во своја одбрана, но од обвинетите не се бара тоа, а американските правни аналитичари велат дека тоа е малку веројатно затоа што обвинетите често си наштетуваат себеси со своето сведочење наместо да си помагаат. Затоа адвокатите го советуваат тој да не сведочи во свој полза.

Ако Трамп сведочи, Мерчан веќе донесе одлука дека на обвинителите ќе им биде дозволено да го прашаат за два граѓански случаи што ги загуби во последните неколку месеци и му беше наредено да плати отштета од стотици милиони долари. Едниот вклучуваше деловна измама во „Организација Трамп“, а другиот клевета на писателка од Њујорк која доби одлука за исплата на оштета за сексуален напад.

Под претпоставка Трамп не сведочи и неговите бранители да презентираат само уште еден или двајца, или ниту еден сведок, Мерчан им кажа на адвокатите дека заклучните излагања во овој судски процес би можеле да се закажат идната недела од 28 мај, по државниот празник Денот на сеќавањата.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top