Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вечерва во 20 часот го лишиле од слобода Д.Р.(37) од Битола.
-Тој се сомничи дека денеска околу 19.11 часот во Битола на ул.„Булевар Први Мај” користејќи го тоа што клучевите биле оставени на бравата, одзел патничко возило ,,сеат” со битолски регистарски таблички . Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.