Скопје

За седум дена санкционирани 191 непрописно паркирани возила во Центар

За седум дена санкционирани се 191 возачи, чии возила го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар.

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, во периодот од 13 мај до 19 мај 2024 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила.

Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Најнови вести од Скопје

To top