Кратките нокти се исклучително практични во секојдневниот живот. Тие се лесни за одржување и не пречат во секојдневните активности. Покрај тоа, тие се помалку подложни на потенцијално оштетување и пукање, што значи дека вашиот маникир ќе трае подолго. А во последно време е се попопуларен тренд кој ќе го обожаваме оваа зима!
Исто како и долгите нокти, кратките можат да изгледаат особено елегантно.
Кога се правилно стилизирани и негувани, тие ќе им дадат на вашите раце софистициран изглед кој лесно се прилагодува на различни прилики, вклучувајќи деловни состаноци, вечери и социјални настани.
Иако ноктите се пократки, тоа не значи дека не можат да бидат креативни и интересни.
Кратките нокти може да се украсат со различни бои на лак, светки, мат и сјајни завршетоци и разни дизајни како линии, точки или цветни мотиви. Ќе изгледаат одлично и помалку наметливо од подолгите нокти.
Сите варијанти се совршени, но ако во душа сте минималисти, тогаш ќе ве воодушеви едноставен монохроматски маникир на кој можете да дадете допир на уникатност со неколку суптилни дезени, односно линии кои ќе ги направат вашите нокти магични.
Од друга страна, разигран дизајн и светки кои се соодветни за периодот што следи, ќе ги воодушеват сите оние кои сакаат впечатливи нокти. Има избор за секого, а на вас е да го изберете оној кој најмногу одговара на вашиот стил и личност.