Македонскиот возач Ристо Вуков на утрешната трка во Имола ќе стартува на 17-та позиција од вкупно 32 возачи. Ова е резултатот од денешните квалификации.
Она што е возбудливо е тоа што разликата до првиот конкурент е помалку од 1 секунда, што доволно зборува за тежината и предизвикот да се биде дел од Porshe Mobil 1 Supercup.
Од тимот на Вуков информираат дека тој е со голем оптимизам дека ќе ги освои првите бодови.