Фудбал

Официјално: Јувентус го отпушти Алегри

Јувентус и официјално го отпушти тренерот на тимот, Масимилијано Алегри, соопштија од клубот. Како причина „старата дама“ ги наведува постапките на тренерот по финалето на Купот на Италија, кое беше добиено против Аталанта. Тренерот ги загуби нервите по успехот на тимот во средата и влезе во отворен конфликт, прво со судиите на натпреварот, потоа со спортскиот директор Кристијано Џунтоли, правејќи гестови кон шефот, а набргу потоа му упати закани на новинар од „ Тутоспорт“. Токму ваквото однесување на Алегри беше дефинирано како неприфатливо од Јувентус и некомпатибилно со вредностите на клубот.

-Јувентус информира дека Масимилијано Алегри е разрешен од функцијата тренер на првиот тим. Ова е последица на неговото однесување за време и по финалето на Купот на Италија, кое клубот го смета за некомпатибилно со вредностите на тимот, како и со оние на луѓето кои го претставуваат. Клубот му посакува успех на Масимилијано Алегри во неговите идни потфати, се вели во официјалното соопштение на тимот.

Алегри е еден од најуспешните тренери во историјата на тимот од Торино. Тој има пет титули во Италија, два Суперкупа и пет Копа Италија, од кои последната го направи најкорисниот менаџер во натпреварувањето. Ова беше втор период на тренерот на кормилото на „старата дама“, откако тој се врати на стадионот „Алијанц“ во летото 2021 година. Неговиот прв период во тимот беше од 2014 до 2019 година. Медиумите со недели тврдат дека на кормилото на Јуве во иднина ќе биде Тиаго Мота, кој моментално ја предводи Болоња.

To top