Македонија

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

„Идната Влада во Македонија на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера како главен приоритет да го има бизнисот и економскиот развој на Македонија како држава и да работи за доброто на граѓаните. Немаме никаква поинаква цел бидејќи поддршката која што ја добивме на овие избори од граѓаните е нешто кое што не обврзува но исто така не охрабрува да сето тоа кое што го зборувавме и во оваа кампања, но и годините наназад сега да го примениме на дело“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при обраќање на денешниот Самит „Македонија 2025“.

Мицкоски додаде дека можеби овој пат не беше лесен, беше тежок, траеше неколку години, но уште од самиот почеток се зацрта дека ќе биде тешко но да не биде срамно. И кога ќе се има таква заклетва пред себе тогаш се очекуваат и многу предизвици. Сите предизвици ВМРО-ДПМНЕ ги решаваше систематски еден по еден и тоа успешно. И се дојде до она што на осми мај се случи, а тоа е дека се постигна историски резултат можеби и за првпат во независна и демократска Македонија.

„Ја за тоа сум исклучително благодарен на граѓаните тука во Македонија, но и на Македонците надвор од Македонија за поддршката која што ни ја даваа. И очекувам Македонците надвор од Македонија успешните, помалку успешните, но и оние кои што не се бават толку со бизнис да знаат дека Македонија е нивната татковина, дека се секогаш тука добредојдени и дека сега е моментот да направиме нешто за нашата заедничка држава“, нагласи тој.

Тој во своето обраќање укажа – „Повеќе во овие три децении во Македонија се зборуваше за „fairytale“, се зборуваше за нешто кое што не зависеше само од нас. А, многу малку се зборуваше за нешто што зависи од нас“.

„Целта на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе биде да зборуваме за работите кои што зависат од нас. Односно да ја донесеме работата на идната Влада пред сечиј дом на секој еден граѓанин“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да зборува за бајки, нема намера да зборува за чуда.

„Ние ќе зборуваме за реални работи, и ќе зборуваме за реалноста која што треба заеднички да ја градиме со нашите Македонци од светот“, порача Мицкоски.

To top