Македонија

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Вила Водно имаше срдечна средба со Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на која тој најпрво и ја честиташе заслужената победа и воедно и посака да има успешен мандат во кој ќе биде заштитник на државните интереси.

„На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани.“, потенцираше министерот Тошковски.

To top