Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект, неофицијално дознава „Фокус“.
Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, дознава „Фокус“.
Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа.
Според добро упатени извори на Фокус, откако ќе завршат внатрепартиските процеси во СДСМ, кои се очекува да минат во тензична атмосфера, Битиќи прво ќе делува како независен и самостоен пратеник во Собранието.
Меѓутоа, дознаваме дека тој ќе биде на линија со ВЛЕН, а првиот сигнал за нивната меѓусебна соработка или координација ќе биде поддршката на Битиќи на закони за кои е потребно т.н. двојно или Бадентерово мнозинство.
Повеќе прочитајте на Фокус