На 14.05.2024, врз основа на судска наредба, а поради сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на Л.И.(19) од Тетово.
При претресот биле пронајдени и одземени два „усб“ режачи, еден лап-топ компјутер и еден десктоп компјутер.
Лицето било повикано во СВР Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.