ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Пирава, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на докажување“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 24.04.2024, тој со намера да спречи докажување на кривично дело за кое бил лишен од слобода, физички нападнал полициски службеник и се обидел да ја исфрли ќесата со марихуана, која при преглед му била пронајдена и одземена.