Македонија

Средба на претседателката Силјановска Давкова со претставници на Македонија 2025

На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Силјановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата.

Средба на претседателката Силјановска Давкова со претставници на Македонија 2025

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги прими Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски, претседател на Одборот на директори и членовите на Одборот, Невенка Димитрова, Џон И. Битов, Мајк Зафировски и Митре Кутановски, по повод одржувањето на 13. Самит Македонија 2025.

На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Силјановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата.

Како што соопшти Кабинетот на Силјановска Давкова, можноста за поголема координација и подлабока соработка меѓу дијаспората и матичната држава за остварување на националните интереси, дома и во светот, беа меѓу главните теми на разговорот.

Соговорниците ја информираа претседателката Силјановска Давкова за целите на дводневниот самит, во чиј фокус се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигиталната трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање просперитетни економии. Учесниците имаат можност да разменат искуства и за потенцијалите на вештачката интелигенција, дигиталните здравствени иновации, како и за демократските аспекти и слободата на говорот во ера на дигитализација.

-Во таа насока беа нагласени очекувањата од придобивките на годинашниот самит што ќе обедини над 450 учесници и околу 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави, овозможувајќи вмрежување и соработка со потенцијални инвеститори. Претседателката Силјановска Давкова изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија 2025, чиишто иницијативи, проекти и активности поттикнуваат позитивни процеси во согласност со приоритетите за одржлив раст и развој во земјава, регионот и пошироката глобална заедница. Во тој контекст ја нагласи нејзината заложба за идна плодна соработка со организацијата, наведуваат од Кабинетот на Силјановска Давкова.

To top