Со истражувањето биле опфатени 1.006 возрасни граѓани на САД.
Околу 68 отсто од испитаниците рекле дека се согласуваат со изјавата: „Израел треба да склучи примирје и да се обиде да преговара“. Околу 39 отсто ја поддржаа идејата „САД да бидат неутрален посредник“, во споредба со 27 отсто еден месец порано.
Само 4 отсто од испитаниците рекле дека САД треба да ги поддржат Палестинците, додека 15 отсто рекле дека САД воопшто не треба да бидат вклучени во војната.
Додека САД беа значаен израелски сојузник, само 31 отсто од испитаниците рекоа дека поддржуваат испраќање оружје на Израел, додека 43 отсто се спротивставија на идејата.
Намалувањето на поддршката следи по неколкунеделното силно бомбардирање на Газа во кое загинаа повеќе од 11.200 луѓе.