Фудбал

Рафаел Варан го напушта Манчестер Јунајтед

Рафаел Варан го напушта Манчестер Јунајтед

Централниот дефанзивец Рафаел Варан летово ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Варан самиот го најави своето заминување од „Олд Трафорд“ во изјава денеска за клупскиот сајт. Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.

„И покрај фактот дека имавме тешка сезона, јас сум оптимист за иднината. Новите сопственици доаѓаат со јасен план и одлична стратегија. Ќе се видиме на Олд Трафорд за да се збогуваме на последниот натпревар од сезоната Тоа ќе биде многу емотивен ден за мене“, изјави 31-годишниот Варан.

To top