Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.
Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1… Поточно, луѓето кои носат црна облека – и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.
Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.
Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни.
Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. (МИА)