Фудбал

Словенец ќе го суди финалето во ЛШ меѓу Реал и Борусија (Д)

Словенец ќе го суди финалето во ЛШ меѓу Реал и Борусија (Д)

Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето на годинешното издание на Лигата на шампионите на УЕФА меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, што ќе се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон на 1 јуни. Натпреварот ќе започне во 21:00 часот по средноевропско време.

44-годишниот Винчиќ, кој е меѓународен судија од 2010 година, ќе го суди своето второ финале во клупско натпреварување под капата на УЕФА по неговото назначување за судија на финалето на УЕФА Лигата на  Европа во 2022 година меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.

Тој водеше седум натпревари од Лигата на шампионите оваа сезона, вклучувајќи го и четвртфиналниот реванш меч меѓу Дортмунд и Атлетико од Мадрид.

На Винчиќ ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Четвртиот судија Франсоа Летисие е од Франција.

To top